NASA со доказ за органски состојки на Марс

Со години Curiosity роверот на NASA стрпливо собирал примероци од површината на Марс, а сега научниците објавија дека откриле убедливи докази дека неколку органски состојки се пронајдени на црвената планета.

Покрај тоа, анализирајќи ги нивоата на метан во атмосферата на Марс, тие конечно потврдиле дека нешто чудно се случува и сметаат дека знаат што го предизвикува.



Примероците содржеле тиофен, 2 и 3-метилтиофени, метанетиол и диметилсулфид.

Овие хемикалии можеби не значат ништо за повеќето од нас, но за геолозите кои го истражуваат Марс тоа е индикација дека органската хемија во марсовската кал е екстремно слична на онаа на Земјата.

Возбудливиот дел е што методот користен да се детектираат овие хемикалии индицира дека тие не лебдат околу карпите сами, туку се помалечки делови од органска хемија која била откорната од уште поголеми, покомплексни материјали.

Во поглед на метанот, откритието се однесува на забележувањето на периодични високи нивоа на метан во атмосферата на Марс од пред неколку години, кои сугерираат дека се случува некаков динамичен процес кој метанот го исфрла во огромни количини.

На метанот би му биле потребни неколку стотици години да се разложи на UV светлина, но тоа не се случува на Марс – вишокот метан го снемува подеднакво брзо колку што се појавува.

Нова анализа на податоците сега потврдува дека овој модел на исклучително високи нивоа на метан проследени со нивно брзо спуштање е долготраен, а тие варираат помеѓу 0.24 и 0.65 делови од милијарда.

Овие промени се совпаѓаат со годишните времиња на Марс, а највисоките нивоа се на крајот на летото во северната хемисфера.

Тука на Земјата, 95% од сите молекули на метан се продукт на живата хемија и мал дел од не-биолошки извори.

Тогаш што ги создава на Марс?

Научниците сметаат дека тие најверојатно се резултат на хемиска реакција базирана на карпата наречена оливин (која испушта метан кога реагира со вода и јаглерод диоксид ), на метеорити кои исфрлаат органски материјали во атмосферата или се испуштени од подземен резервоар блиску до површината на планетата.

Дали сето ова е знак дека има живот на Марс? Научниците тврдат дека сè уште не знаат, но овие резултати покажуваат дека се на добар правец наскоро и тоа да го дознаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...