По 39години решена мистеријата за молњите на Јупитер

На Јупитер има облаци и гигантски урагани, па не е изненадувачки дека има и молњи. Но, кога леталото Voyager 1 ја посетило планетата во 1979-та, астрономите откриле нешто чудно. Молњите емитирале радио сигнали на начин на кој што никаква слична појава на Земјата тоа не го правела.



Сега, благодарение на опсервациите од мисијата Juno, конечно е решена мистеријата што точно се случува и дека тоа не е ништо необично.

Благодарејќи на инструментите на Juno биле снимени 377 молњи кои испуштале радио сигнали во мегахерц и гигахерц распоните, како што и се очекувало.

Според авторот на студијата Шенон Браун од лабораторија на NASA, без разлика на која планета да се наоѓате, молњите се однесуваат како радио предаватели. Но сè до Juno, сите овие сигнали кои биле снимени од претходните летала (Voyager 1 и 2, Galileo, Cassini) биле лимитирани или само со визуелна детекција или со килохерц распонот на радио спектарот и покрај тоа што биле барани сигнали во мегахерц распонот.



Било заклучено дека дистрибуцијата на молњите на Јупитер не е иста како онаа на Земјата, бидејќи таму активноста е најголема близу половите но скоро и да ја нема близу екваторот.

Клучот за таквата состојба е топлината. Јупитер во најголем дел ја прима од Сонцето, па поради тоа топлиот воздух меѓу половите почесто се движи угоре генерирајќи добри услови за молњи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...