Мистериозни објекти се приближуваат до црната дупка во Млечниот Пат

Во 1970-тие, астрономите откриле масивен извор на радио бранови во центарот на нашата галаксија, за кој подоцна се испоставило дека е супер-масивна црна дупка, која била именувана Sagittarius A* (Стрелец А*), а во скорешно истражување на NASA биле откриени докази за стотици па и илјадници црни дупки лоцирани во ист реон во Млечниот пат.



Се испоставило дека центарот на нашата галаксија има уште мистерии кои чекаат да бидат решени.На пример, тим астрономи детектирале неколку мистериозни објекти кои се движат околу Sagittarius A*.

Користејќи податоци од изминатите 12 години снимени од Кек опсерваторијата во Хаваи, тие ги пронашле објектите кои изгледале како облаци вселенска прашина, но се однесувале како ѕвезди.

Овие компактни ѕвездени објекти се движат екстремно брзо и блиску до супер-масивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат, но не се знае како стигнале таму и во што ќе се претворат.

Објектите биле именувани како G3, G4 и G5, а биле откриени додека се испитувала динамиката на гасовите во центарот на галаксијата, а се издвојувале од останатите позадински емисии поради нивното движење.



Тие припаѓаат во класата на G-објекти, односно правливи ѕвездени објекти – кои за прв пат биле забележани пред повеќе од една деценија – G1 во 2004 и G2 во 2012.

Бидејќи G3, G4 и G5 ги делеле истите физички карактеристики како G1 и G2, било заклучено дека тие се потенцијални G-објекти.

Астрономите сметаат дека овие објекти се „подуени“ ѕвезди – ѕвезди кои станале толку големи да силите на централната црна дупка можат да им ја отстраната материјата од нивните атмосфери кога доволно ќе се доближат до неа, но сè уште имаат ѕвездено јадро со доволно голема маса да остане недопрено.

Нивната големина се смета дека е резултат на спојување на два ѕвездени објекти, кое се случува кога две ѕвезди кои орбитираат една околу друга (т.н бинарни ѕвезди) ќе се судрат – што најверојатно било предизвикано од гравитациското влијание на SMBH.

Идните планови на астрономите се да ги следат овие G-објекти како што ќе се доближуваат до црната тупка, за да видат дали и тие ќе останат недопрени од неа (како G1 и G2)

Овој процес ќе трае неколку декади, бидејќи G2 најмногу ќе се доближи до неа за 20 години, а на G4 и G5 ќе им требаат уште неколку декади повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...