Ако повеќето ѕвезди како Сонцето се двојни каде е неговиот двојник?

Пред 66 милиони години скоро сите големи ‘рбетници на Земјата изумреле, а како причина за тоа се смета астероид или комета со големина на еден град.

Ударот, наречен „настанот Чикскулуб“, го започнал глобалното заладување и вулкански ерупции кои ја трансформирале Земјата.



Во 1980-тите, Ричар Мјулер, физичар од Беркли ја претставил идејата дека хипотетичка ѕвезда двојник на наречена „Nemesis” можеби играла улога во тоа, насочувајќи кометен појас во нашиот Сончев Систем со нејзината гравитација.

Се смета дека имало 5 такви настани досега во регуларни интервали, а во 2017-та студија на истражувачи од Беркли заклучила дека скоро сите ѕвезди се формираат со придружник.

Кога ја објавил идејата за Nemesis, Мјулер тврдел дека ѕвездата двојник периодично можеби поминувала низ облакот Oort – сфера од заледени вселенски тела зад Плутон, на најдалечните рабови на Куиперовиот појас.

Многу од овие тела патуваат околу Сонцето во елиптични орбити, а според идејата на Мјулер, кога тие се приближувале до него нивниот лед почнат да се топи, претворајќи ги во комети.

Така, кога Nemesis поминувал низ облакот Ooort, кометите се насочувале кон Земјата, предизвикувајќи катаклизмични настани.

Доколку тоа се случувало секои 27 милиони години, тоа би ги објаснило 5-те масовни истребувања на живиот свет на Земјата.

Иако е возможно Сонцето да се формирало во пар со друга ѕвезда, не постојат научни докази за тоа.

Теоријата на Мјулер сугерирала дека Nemesis би можел да биде лоциран на околу 1.5 светлосни години од Сонцето – далечина која денес може да се набљудува – но таква ѕвезда не била забележана.

Иако теоријата за двојник на Сонцето делува интересно, многу поверојатно е дека во случај Nemesis да постоел тој не бил одговорен за масовните истребувања на Земјата – бидејќи животот на неа настанал многу подоцна откога тој се одвоил од Сонцето и се приклучил на стотиците милјарди ѕвезди во Млечниот Пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...