Колку луѓе треба да испратиме за да започнеме нов живот на друга планета?

Човештвото одамна сонува да испрати луѓе на други планети, дури и пред вселенските летови со екипаж да станат реалност, а со откритието на илјадниците егзопланети во минатите декади, особено оние кои орбитираат во „комшиските“ ѕвездени системи (како Proxima b) овој сон се приближува кон станување реалност.



Сепак, за тоа да се случи мора да се надминат голем број технички предизвици, како и да се најде одговор на прашањата каков вид на вселенски брод би можел да се испрати и колку многу луѓе треба да има на него.

Второто прашање било предмет на скорешна студија на тим француски истражувачи на чело со Др. Фредерик Марин  и Др. Камил Белуфи кои го пресметале минималниот број на луѓе потребни за здрав неколку генерациски екипаж да стигне до Proxima b.

Според зборовите на Др. Марин, студијата се базира на технологијата која би била на располагање за време на мисијата. Доколку сега би можеле да креираме вселенско летало кое би се користело за еден таков пат, би можеле да постигнеме брзина од само околу 200km/s, што значи до Proxima b би ни требало 6300 години.

Користејќи ги тие бројки, Др. Марин и неговиот тим решиле да го одредат минималниот број луѓе потребни за здрав екипаж да пристигне до планетата. За тоа биле користени т.н Монте Карло симулации – математички техники кои ги земаат в предвид случајните настани во процесот на донесување одлуки за да се создадат разни возможни исходи.

Софтверот бил наречен HERITAGE (“наследство“) и со негова помош биле пресметани сите возможни исходи на вселенските симулации со тестирање на секое случајно сценарио за размножување, живот и смрт. Со повторување на симулацијата илјадници пати, се добиле статистички податоци кои го отсликуваат вистинското вселенско патување на мулти-генерациски екипаж.

Биолошките фактори вклучувале работи како бројот на мажи и жени, нивната старост, степенот на плодност и породување и колку време екипажот би имал да се репродуцира. Во предвид биле земени и екстремни можности како разни несреќи, катастрофи и бројот на екипажот кој би бил погоден од нив.

На крајот било заклучено најмалку 98 членови на екипажот би биле потребни за да се одржи мулти-генерациски пат до најблискиот ѕвезден систем со егзопланети на кои потенцијално би можело да има услови за живот.

Со помалку луѓе од тоа, шансите за успех значително се намалуваат. На пример, со иницијална екипа од 32-ца, симулациите покажале дека шансите за успех би биле 0% поради тоа што во толку мала заедница размножувањето помеѓу роднини би било неизбежно. Кога таквиот екипаж би пристигнал до Proxima b, тој не би бил генетички здрав – правејќи го неприкладен за започнување на колонија.

Иако технологијата и ресурсите потребни за меѓуѕвезден лет се далеку неколку генерации, ваквите студии ќе имаат големо значење за таквите мисии кога ќе се појават. Знаејќи го однапред потенцијалниот успех или неуспех на една мисија, ќе се зголемат шансите за нејзино усовршување и успешно реализирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...