NASA работи на дронови кои би ја издржале атмосферата на Венера

Во идните декади, NASA и другите вселенски агенции планираат амбициозни мисии до другите планети во нашиот Сончев Систем.

Покрај студирањето на Марс, NASA планира да испрати и мисија кон Венера за да дознае повеќе за нејзиното минато. Тоа би вклучувало истражување на горната атмосфера на планетата за да се одреди дали на нејзината површина некогаш имало течна вода и можеби некаков вид на живот.



Со цел да се справат со овој предизвик, NASA вклучила партнерство со Black Swift Technologies – компанија специјализирана за автономни системи за летање – за да направат дрон кој би преживеал во горната атмосфера на Венера.

Се смета дека пред околу 2 милијарди години, на планетата можеби имало плиток океан кој го покривал поголемиот дел од нејзината површина, пред таа да стане пеколно врелиот свет кој е денес. Скорешни студии, пак, индицираат дека во покривката облаци можеби има и микробски живот.

Поради ова, постои значителна мотивација да се испратат летала на Венера кои би одредиле дали нешто од ова е точно. Тие би ја испитувале планетата од позиција над облаците, каде притисокот и температурите се слични на оние на Земјата, со тоа што ветриштата се исклучително силни.

NASA направила 6-месечен договор со Black Swift Technologies за дизајнирање на дрон чии спецификации ги дала на компанијата, кој вклучува грант од $125000 од владината програма за истражување на иновации за мали бизниси.

По крајот на тие 6 месеци, оваа компанија ќе треба да го презентира нивниот концепт на NASA за одобрување, по што би следел нов проект со времетраење од 2 години за градење на прототипи, кој ќе чини $750 000.

Ова не е прв пат Black Swift да имале партнерство со NASA за креирање автономни летала за истражување на средини во кои владеат екстремно непријатни услови – минатата година, тие направиле дрон за надгледување на температурата, нивото на гасови, ветер и притисок во внатрешноста на вулканите во Коста Рика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...