Астрономите го откриле најсветлиот објект било кога откриен од раниот Универзум, на далечина од 13 милијарди светлосни години од нас – а тоа е квазар од времето кога Универзумот имал само 7% од неговата сегашна старост.
Квазар е галаксија која орбитира околу супермасивна црна дупка која активно се храни од неа, а светлината и радио емисиите кои ги гледаме се предизвикани од материјалот околу дупката, наречен диск за акцелерирање.
Овој диск содржи вселенска прашина и гас кои се вртат со огромни брзини (како вода која истекува во одвод), генерирајќи неверојатно триење додека масивната гравитациска сила на црната дупка ги вовлекува во неа.
Како што ја консумираат материјата, овие квазарски црни дупки од нивната корона (регионите на врел гас над дискот) испуштаат моќни млазови плазма со брзина блиску до онаа на светлината.
Овие млазови се екстремно светли во спектарот на радио фреквенции, а сигналот од новооткриениот квазар наречен PSO J352.4034-15.3373 (накратко P352-15) бил фатен од VLBA радио телескопот, при што било откриено дека тој се делел на 3 компоненти, за кои има две возможни интерпретации.
Првата е дека на едниот крај е црната дупка, додека другите две компоненти се дел од еден млаз, додека втората е дека црната дупка е во средина, со млазови од двете страни.
Потребни се дополнителни истражувања за да се одреди кое од овие две сценарија е вистинското, а во меѓувреме P352-15 има огромен потенцијал да се искористи како алатка за студирање на интергалактичкиот медиум и состојбите и процесите кои доминирале во првите галаксии во Универзумот.