Сателитот на Јупитер можеби крие знаци на живот под површината

Студија објавена во журналот Nature Astronomy сугерира дека можеби би било релативно лесно да се пронајдат знаци на живот на Европа, сателитот на Јупитер и тоа само неколку сантиметри под површината.

Студијата сугерира дека близу половите на Европа, аминокиселини можеле да постојат 10 милиони години на 1 до 3 сантиметри длабочина, а кон екваторот таа длабочина се зголемува на неколку десетици сантиметри.



Секој биолошки материјал на површината на Европа би бил уништен од радијацијата на Јупитер, меѓутоа се смета дека одредени биолошки материјали можат да преживеат на релативно малечки длабочини под површината.

Тимот научници открил дека некои региони на Европа се изложени на дози од околу 74 милион греја (Gy) радијација од Јупитер, а нај радијациски-резистентната бактерија на Земјата, Deinococcus radiodurans, може да преживее само до 5000 Gy.

На мала длабочина, пак, би можеле да преживеат биохемиски фрагменти од минат живот, кои се помешани со површинскиот мраз.

Тоа значи дека со некоја идна мисија, сондата многу лесно би можела да зема примероци за барање на траги на биолошки материјал, а доколку таа слета во регион со материјал наталожен во последните 1000 години, би можел да се открие материјал кој не е премногу оштетен од радијацијата.



NASA моментално развива мисија кон Европа во раните 2020-ти, наречена Europa Clipper, со која ќе се направат неколку прелети врз месечината, детално мапирајќи ја површината. JUICE (Jupiter Icy Moons Explorer – истражувач на ледените месечини на Јупитер), пак, на Европската вселенска агенција, исто така треба да ја студира оваа месечина, а ќе биде лансиран во 2022.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...