Детектиран мистериозен радио сигнал од Вселената

Астрономите детектирале уште еден мистериозен и моќен радио сигнал кој стигнал до Земјата од непознат извор од Вселената. Тој има исклучително ниска фреквенција од 580 MHz, што е за 200 MHz пониско од било кој друг радио сигнал откриен претходно



Ваквите сигнали се наречени fast radio bursts (FRB), односно „рафални радио сигнали“ и се едни од нај експлозивните и мистериозни вселенски настани кои можат да генерираат енергија колку 500 милиони Сонца за само неколку милисекунди, но сè уште не знаеме што ги предизвикува.

Утрото на 25-ти јули, со мрежа телескопи наречена CHIME во Британска Колумбија, Канада, бил детектиран рафален радио сигнал именуван FRB 180725A, според годината, месецот и денот кога тоа се случило и бил првиот од овој вид кој емитирал радио фреквенции пониски од 700 MHz.

Што научниците сметаат дека е извор на ваквите сигнали, кои најчесто доаѓаат од локации на милијарди светлосни години од нас?



Најскорешното истражување на FRB-а кои се повторуваат сугерира дека изворот е неутронска ѕвезда, но други хипотези вклучуваат црни дупки, пулсари со придружни ѕвезди, имплодирачки пулсари и магнетари.

Без разлика на нивниот извор, доколку се подобриме во нивното детектирање и разбирање на потеклото, овие радио сигнали би можеле да ни откријат тајни поврзани со потеклото на Универзумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...