Чудна „превртена“ небула ја открива иднината на нашето Сонце

Астрономите откриле небула за која се чини дека е превртена наопаку и која може да ни помогне да предвидиме што ќе се случува со нашето Сонце во далечната иднина.

Тимот научници воден од Мартин Гереро од астофизичкиот институт на Андалузија во Гранада, Шпанија велат дека небулата изгледа како „повторно да е родена“ – нејзините надворешни региони изгледаат како што треба да изгледаат внатрешните и обратно.



Оваа небула е во нејзината финална форма која се добива кога ѕвездата преминува од црвен џин во бело џуџе, и ги отфрла своите надворешни слоеви. Кога тоа се случува, ѕвездата станува врела и го јонизира околниот материјал, т.е ги отстранува електроните од атомите близу неа – ефект кој ослабува како што се оддалечува од ѕвездата.

Во оваа небула, наречена HuBi 1, која е лоцирана на 17 000 светлосни години од Земјата, точно е токму спротивното – атомите подалеку од ѕвездата се повеќе јонизирани отколку оние поблиску до неа, за што сите научници сметале дека е невозможно.



Истражувачите сметаат дека причината за ова е дека ѕвездата практично накратко се „вратила во живот“, повторно исфрлајќи материја од себе, што создало бран од јаглерод кој предизвикал загревање на атомите во надворешните региони на небулата. Бидејќи таа се угасила рапидно, не била способна да го јонизира материјалот поблизу до неа – со што се добила ваква „превртена“ небула.

Истражувачите сметаат дека оваа ѕвезда оригинално имала 1.1 пати поголема маса од онаа на Сонцето и била 5 милијарди години постара од него, што значи дека кога нашето Сонце ќе стане црвен џин за 5 милијарди години, има огромни шанси да помине низ истиот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...