Глобална песочна бура на Марс ја загрозува иднината на Opportunity

Глобална песочна бура на Марс ја загрозува иднината на Opportunity роверот на NASA, најдолго преживеаниот робот на црвената планета.

Тој бил лансиран кон Марс во јуни 2003, таму слетал јануари 2004 и требало да функционира 3 месеци. Денес, роверот е скоро 15 години стар и има поминато повеќе од 40-тина километри на површината на планетата, користејќи соларна енергија.



Сега се чини дека тој е во неволја поради долготрајната глобална песочна бура на Марс која трае скоро 2 месеци - роверот има „заспано“ на 10 јуни и сè уште не испратил сигнал кон Земјата.

Ваквите бури се појавуваат еднаш на неколку години и ја обвиткуваат целата планета во црвена прашина, а овогодинешната е една од најинтензивните кои NASA било кога ги имаат забележано.

Овој настан не само што ја блокирал светлината потребна за да соларните панели на Opportunity функционираат, туку и го има покриено роверот со прашина што драматично ја намалило неговата способност да ја складира и користи електричната енергија.



Студот е исто така голем проблем на Марс, бидејќи зимските температури можат да се спуштат до -73 °C во близината на екваторот, температура која би можела да ги стегне и напукне парчињата метал во електронските кола на роверот.

Малечки копчиња од нуклеарниот материјал наречен плутониум-238 ја одржуваат топлината на електричните кола на Opportunity, но недоволно за целосно да ги заштитат неговите системи.

Уште еден проблем се и батериите – колку повеќе се неактивни, толку поголем електричен капацитет губат. Доколку бурата не прекине наскоро и доколку слоевите наталожени на роверот не се оддуваат од соларните панели, од NASА велат дека постои можност батериите значително да ослабнат и роверот да „умре“ (ако веќе тоа се нема случено досега).

Сепак, од NASA велат дека „постојат причини да бидеме оптимистични“ бидејќи се чини дека бурата ослабнува, што значи постои шанса доволно сончева светлина да стигне до соларните панели на роверот и да му ги наполни батериите за да тој може да „сврти дома“.

Од агенцијата велат дека пред бурата батериите биле во релативно добра состојба и не би требало премногу да се деградирани до сега. Сепак, ништо од ова не е сигурно сè додека не добиеме некој повратен сигнал од Opportunity.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...