На Јупитер има повеќе вода отколку на Земјата?!

Големата црвена дамка на Јупитер е огромна ураганска бура над површината на планетата со широчина двојно поголема од онаа на Земјата и трае веќе 150 години.

Сега, според тим истражувачи од NASA и неколку американски универзитети, таа содржи и доказ дека има вода на Јупитер.



Два инструменти на Mauna Kea, неактивен вулкан во Хаваи, го овозможиле ова откритие. Првиот е iSHELL кој е дел од Infrared Telescope Facility на NASA и детектира гасови во спектарот на боите, а вториот е NIRSpec (на Keck 2 телескопот) кој е најчувствителниот инфрацрвен телескоп на Земјата.

Користејќи ги податоците собрани од овие два инструменти, истражувачите заклучиле дека „Големата црвена дамка“ има 3 слоеви на облаци и дека најгорниот е најверојатно составен од замрзната вода. Тие сметаат дека на Јупитер има повеќе вода отколку на Земјата.



Ова откритие може да биде мошне значајно. Како прво, може да ни помогне да разбереме како нашиот Сончев Систем се формирал и зошто атмосферата на Јупитер е толку многу турбулентна. Леталото Juno на NASA е моментално во орбита околу Јупитер и бара знаци на вода, и доколку ги потврди резултатите од студијата, истата техника би можела да се користи да се процени количината вода на останатите гасовити планети: Сатурн, Уран и Нептун.

Од друга страна потеницјалот за постоење на течна вода воедно значи и потенцијал за постоење на некаква форма на живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...