Јапонија ќе ја тестира изводливоста за градење на вселенски лифт

Лансирањата на ракети се тешки – тие се скапи, побаруваат енормни количини на гориво, а нивните издувни гасови ја загадуваат атмосферата.

Еден концепт кој припаѓа во научната фантастика би можел да ги реши овие проблеми – лифт кој би ги поврзувал Земјата и Вселената. Сега, јапонски инженери ќе почнат да тестираат еден таков лифт.



На 11 септември, тим од факултетот за инженеринг при универзитетот Шизука лансира модел (во помал размер) на вселенски лифт во Земјината орбита кој се состои од два сателити со големина од 10 сантиметри, поврзани со 10-метарски челичен кабел.

Моторизирана кутија ќе патува напред и назад по кабелот помеѓу двата сателита, додека камерите во нив ќе го набљудуваат прогресот.

Инженерите сонуваат за вселенски лифт над 100 години, уште од кога рускиот научник Константин Цолковски дошол до таа идеја откога ја видел Ајфеловата Кула во 1895.

Техничките предизвици вклучени во имплементирање на еден таков лифт се гигантски. За почеток, тој би морал да биде конструиран од материјал кој е доволно лесен за не колабира под сопствената тежина, и кој мора да биде доволно цврст за да ја издржи тензијата индуцирана од центрифугалната сила од противтежата на лифтот, надвор од земјината атмосфера, која ќе го држи лифтот исправен. Тој исто така ќе мора да ги издржи гравитациските сили од Земјата, Сонцето и Месечината, како и стресовите индуцирани од атмосферските состојби на Земјата, како што се силните ветришта.

Јапонската градежна компанија Obayashi Corp, која работи со универзитетот, претходно има објавено дека се надева дека вселенскиот лифт ќе биде оперативен до 2050-та, а во него ќе биде вклучена и вселенска станица во геостационарна орбита на височина од 35 000 километри и кабел прицврстен во Тихиот океан кој е можно да биде направен од јаглеродни нанотуби.

Сега засега ја немаме потребната технологија за да се создаде ваков кабел кој треба да биде долг 96 000 километри. Но, јапонскиот тим е оптимистичен, и смета дека во теорија еден ваков лифт е возможно да се изгради, со надеж дека во следните 30-тина години ќе се измислат нови материјали со карактеристики потребни за да би можеле да се употребат за изградба на вселенски лифт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...