Погонскиот систем на NASA кој ќе нè носи длабоко во Вселената помина критичен тест

Ракетната наука не однела од Земјата до Месечината, но доколку сакаме да ги истражуваме длабочините на Вселената не можеме да се потпираме само на сè поголеми ракети, туку ни е потребен пософистициран погонски систем.



NASA овој предизвик го има сфатено сериозно и работи на нови технологии од кои едната е наречена AEPS (Advanced Electric Propulsion System/напреден електричен погонски систем) и штотуку успешно поминала еден критичен тест.

Развиена во соработка со Aerojet Rocketdyne, AEPS е клучната компонента за погонот на големи научни мисии и транспорт на товар во Вселената и најверојатно е погонскиот систем кој ќе биде вграден во Lunar Orbital Platform-Gateway (вселенска станица која ќе орбитира околу Месечината и ќе служи како попатна станица за мисии кон длабоката Вселена) кој треба да биде поставен во орбита во 2022.

AEPS е јонски погон од идната генерација, а погонот го креира со забрзување на јонизирани атоми во електрично поле. Ова креира помал потисок во споредба со традиционалните хемиски ракети, но е способен тоа да го прави многу подолго време и со многу помалку гориво.



Teстот кој успешно бил поминат го евалуирал системот за снабдување со празнење на погонскиот систем и единицата за процесирање на моќност, со што инженерскиот тим покажал дека AEPS може да конвертира моќ со големо ниво на ефикасност, создавајќи минимална отпадна топлина.

Моментално најмоќниот погон од сличен тип кој се наоѓа во орбитата има моќност од 4.5 киловати, додека AEPS ќе биде околу 10 пати помоќен, со моќност од 50 киловати.

Следниот чекор ќе биде тестирање на неговата интеграција во останатите системи, а откако и тоа ќе помине, финалниот дизајн ќе влезе во продукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...