Јапонците успешно слетаа ровери на астероид

Роверите на Јапонската воздухопловна истражувачка агенција (ЈАХА) наречени Rover 1A и 1B, заедно познати како Minerva II-1m успешно слетале на површината на астероидот Ryugu.



Секој од нив тежи околу 1 килограм и е дизајниран да скока по површината на астероидот лоциран на околу 280 милиони километри од Земјата, а до таму стигнале со вселенското летало Hayabusa-2 кое било лансирано во декември 2014-та.

Доцна во јуни 2018-та леталото пристигнало на Ryugu и таму ќе остане до декември 2019-та, мапирајќи ја површината на астероидот и вршејќи разни научни истражувања, меѓу кои спаѓа и испраќање на уште два ровера.

Овие ровери ќе се движат по површината на астероидот со ротирање на масата внатре во нив која ќе создава моментум со чија помош ќе се тркалаат или отскокнуваат по површината, а секое движење ќе биде внимателно контролирано за случајно да не скокнат превисоко и да „избегаат“ од гравитацијата на астероидот, бидејќи таа е исклучително слаба. Додека на Земјата тие тежат еден килограм, на Ryugu релативната маса на секој од роверите е четвртина грам, а со секое скокнување поминуваат дистанца од неколку метри, движејќи се со брзина од 9 сантиметри во секунда.



Hayabusa-2 е наследник на мисијата Hayabusa, која го посетила астероидот Itokawa во раните 2000-ти, каде се обидела да спушти сонда наречена MINERVA, но не успеала во тоа бидејќи се загубила на патот кон астероидот.

Сепак, оваа прва мисија успеала да врати мал примерок од астероидот назад на Земјата, а Hayabusa-2 ќе се обиде повторно да земе примерок, овој пат со удирање на површината на астероидот со специјален објект со што ќе создаде кратер, од кого ќе земе материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...