Европа и Јапонија со амбициозна мисија кон Меркур

Европската Вселенска Агенција (ESA) ја лансираше мисијата BepiColombo кон планетата Меркур, каде треба да пристигне во 2025-та.

Оваа мисија доаѓа по 25 години откако група научници за прв пат предложиле на ESA дека треба да испрати сонда кон Меркур и 18 години откако проектот бил одобрен.



Меркур е прилично мистериозна планета, за која научниците имаат полно причини да ја истражуваат.

Таа има абнормално големо јадро за кое не знаеме зошто сè уште е растопено и способно да генерира магнетно поле, за разлика од оние на Марс или Венера. Уште една мистерија е изобилството на неидентификувани испарливи супстанци на неговата површина кои вообичаено не се дел од планети формирани толку блиску до Сонце колку што е Меркур.

BepiColombo во почетокот ќе орбитира околу Сонцето, како дел од Земјината орбита, за потоа од неа да излезе во почетокот на 2019-та и повторно да се врати во 2020-та.

Тогаш со помош на земјината гравитација ќе се „засили“ и ќе почне да се придвижува кон Венера (во 2020), каде со асистенција на гравитацијата на Венера ќе се насочи кон Меркур во 2021-ва, во чија орбита треба да навлезе во 2025-та.



Мисијата е именувана во чест на Џузепе (Бепи) Коломбо кој прв го предложил начинот на асистирање на летот на вселенските летала со гравитација, а ќе се изведува во соработка помеѓу ESA и JAXA (Јапонската Вселенска Агенција).

Леталото ќе содржи два орбитери – еден на ESA од 2 метри и тежина над 1 тон, наречен MPO (Mercury Planetary Orbiter) и еден на JAXA кој ќе биде помалечок, наречен MMO (Mercury Magnetospheric Orbiter) односно Mio.

Mio ќе биде ослободен во елиптична орбита околу Меркур и ќе го студира неговото магнетно поле, додека MPO ќе ја испитува површината на планетата со помош на камери и други инструменти, со цел да се одреди нејзината композиција и геолошка историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе се враќа од школо и му се фали на татко му:
- Тато, денеска за малку ќе добиев петка!
- Како тоа за малку?
- Па така. Доби детето што седеше до мене.

* * *
Оди...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...