Престојот во Вселената го менува мозокот

Ново истражување водено од тим научници од универзитетот во Антверп ги студирало мозоците на космонаутите пред и по нивните 6-месечни вселенски мисии, по што било заклучено дека подолг престој во микрогравитацијата ја менува самата структура на мозокот.  

Некои од промените се забележливи и по 7 месеци откако космонаутите ќе се вратат назад на Земјата.



Интернационалниот тим научници направил MRI скенови на 10 машки космонаути пред да одат во Вселената, и неколку недели откога тие се вратиле, а кај 7 од нив било направено и 3-то скенирање по неколку месеци.

Тимот забележал редукција на обемот на сивата материја низ мозокот, особено во орбитофронталниот кортекс кој е вклучен во носењето на одлуки и темпоралниот кортекс кој игра улога во процесирање на сензорските информации и формирање на сеќавања.

Редукција била забележана и во белата материја на мозокот, супстанца која ги поврзува разните области на сива материја едни со други.

Имало и промени во дистрибуцијата на цереброспиналната течност која ги отстранува „отпадните“ продукти и го заштитува мозокот, а причината за тоа е што без гравитација, поголема количина од оваа течноста се движи кон главата и таму се акумулира.



Додека обемот на сива материја се нормализирал по 7 месеци, промените во целеброспиналната течност останале, што потенцијално го објаснува фактот што астронаутите често имаат проблеми со нивниот вид.

Студијата се фокусирала на промените во структурата на мозокот, но не и како истите можат да влијаат на неговата функција, што треба дополнително да се истражи, како и да се дознае колку долго му е потребно на мозокот да се врати во нормала во секој аспект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...