Научниците потврдиле дека има супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат

Научниците откриле нов доказ за постоење на огромна црна дупка во центарот на нашата галаксија, со набљудување на материјал кој се приближувал кон хоризонтот на настани (event horizon) поточно границата на црната дупка која ја одделува од останатиот дел од универзумот и каде ништо, па дури ни светлината, не може да ја избегне нејзината гравитација.



Интернационален тим астрономи користеле инструмент на ESO VLT телескоп во Чиле за да ја набљудуваат супермасивната црна дупка наречена Sagittarius A*.

Инструментот е наречен GRAVITY и ги комбинира светлата од 4-те VLT телескопи за да креира „супер-телескоп“ со дијаметар од 130 метри.

Со негова помош, тимот можел да набљудува светкања на инфрацрвена радијација кои доаѓале од Sagittarius A*, за кои се смета дека потекнуваат од врел гас кој орбитира близу хоризонтот на настани.



Овој материјал се претпоставува дека се движи со огромна брзина, а најблиската точка до која може да се доближи до црната дупка без да го премине хоризонтот е позната како „најдлабоката стабилна орбита“ и токму од таму потекнуваат детектираните светкања.

За гасот се верува дека е поврзан со ѕвезда наречена Ѕ2 која според Ајнштајновата теорија за релативност би ги предизвикала светкањата кога би се приближила до црната дупка на секои 16 години.

Постои и проект со кој научниците ќе се обидат да ја сликаат Sagittarius A*, наречен Event Horizon Telescope (EHT), со што би се направила првата слика во светот на една црна дупка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...