Во Млечниот Пат откриени уште две залутани планети

Не сите планети орбитираат околу ѕвезди. Некои објекти познати како „залутани планети“ поради некоја причина успеваат да избегаат од гравитациското привлекување на нивните матични ѕвезди и слободно лебдат низ галаксијата.



Сега астрономите откриле уште две такви со техника позната како “gravitational microlensing” овозможена од OGLE (Optical Gravitational Lensing Experiment). Под „гравитациско сочиво“ (gravitational lens) се подразбира дистрибуција на материја (како што се група галаксии или разни вселенски објекти) помеѓу далечен извор на светлина и набљудувачот, која е способна да ја превитка светлината од изворот кога таа патува кон набљудувачот. Овој ефект е наречен “gravitational lensing”.

OGLE е проект кој трае повеќе од 2 декади и е дизајниран да ги детектира суптилните варијации во светлината од ѕвездите пред кои поминуваат масивни објекти. Гравитацијата од објект со големина на планета може незначително да ја превитка светлината во период од неколку дена, но со новооткриените објекти тој ефект траел помалку од половина ден.

Првиот објект OGLE-2017-BLG-0560 бил забележан на 16 април 2017-та, а неговата далечина од нас не е позната, додека неговата маса може да биде и до 20 пати поголема од онаа на Јупитер. Вториот е OGLE-2012-BLG-1323, чиј сигнал бил забележан уште во 2012, а се работи за планета која може да е со големина колку Земјата, или Нептун.

Неколку модели на планетарни системи предвидуваат дека повеќето вакви залутани планети се со големина колку Земјата, бидејќи таквите полесно можат да се оттргнат од гравитацијата на нивните ѕвезди отколку гасовитите џинови со големина на Јупитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...