Малечка комета со името 46P/Wirtanen моментално се приближува до Земјата, до која ќе биде најблиску на 16 декември, кога ќе се наоѓа на далечина од 11,586,350km. од нас – околу една тринаесетина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.
Оваа интер-орбитална средба ќе биде 10-тата најблиска средба од 1950 год. Како една од 400-те комети од „фамилијата Јупитер“, 46P/Wirtanen има долга елиптична орбита чија најдалечна точка од Сонцето се наоѓа блиску до Јупитер.
Во почетокот на декември, 46P ќе се појави на небото на деклинација близу -20°, помеѓу соѕвездијата Cetus и Eridanus, а кога ќе биде најблиску до нас на 16 декември, ќе се наоѓа измеѓу ѕвездените кластери Hyades и Pleiades.
Некои астрономи предвидуваат дека кометата нема да биде премногу видлива за голо око, во споредба со на пример Хејл-Боп кометата во 1997. На магнитуда од -8 до +8, се очекува 46Р да има осветленост од +3 до +4, што е минимумот за да биде видлива за голо око гледана од урбана локација.
Кометата е со дијаметар од 1.2km. и не е доволно голема да генерира долг опаш од честички ѕвездена прашина кои рефлектираат светлина – наместо тоа, нејзиното опаш е претежно составен од гас и на небото ќе се појави како „дифузна топка од светлина“ со големина слична на Месечината, која ќе биде тешко да се забележи на небото „загадено“ со градска светлина.