Curiosity роверот на NASA откри необичен светкав објект на Марс

InSight сондата на NASA е на Марс околу една недела, а веќе ни испраќа слики од рамнината Elysium Planitia близу екваторот.

Истовремено и Curiosity, ветеранскиот ровер на црвената планета кој таму е од 2012-та, испратил фасцинантна нова фотографија снимена на 26 ноември, на која се гледа необичен светкав објект.



Научниците сметаат дека истиот не е знак на никаков вонземски живот и преку Curiosity ќе се обидат да земат примерок од него за анализирање.

Тие веруваат дека се работи за метеорит (поради тоа што е светкав), но бидејќи изгледот може да прелаже, потребна ќе биде хемиска анализа за да му се потврди потеклото.

Curiosity тоа го прави со помош на ChemCam инструментот, со кој се испукува ласер кон објектот што резултира со испарување на материјал кој потоа се анализира. Оваа техника била користена на примерок откриен во ноември 2016-та кога била откриен неговиот никел-железен состав.



Метеоритите не се ништо ново на Марс – поради неговиот атмосферски притисок кој е 1% од земјиниот, на метеоритите им е полесно да стигнат до површината недопрени.

Нивната природа исто така се разликува од оние пронајдени на Земјата – само 4.4% од метеоритите на Земјата се железни, а повеќето се карпести. На Марс, пак, доминираат железните метеорити од малкуте кои што се пронајдени. Не е познато зошто е тоа така, но една од причините е што железните метеорити се поотпорни на силните процеси на ерозија на Марс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...