Детектирано досега најголемото спојување на црни дупки

Астрономите додале 4 претходно незабележани спојувања на црни дупки во листата на детектирани спојувања, со што нивниот вкупен број се зголемил на 10.

Една од овие е најголемото и најдалечното спојување досега забележано, каде црната дупка има маса 80 пати поголема од онаа на Сонцето.



Првата детекција на спојување на црни дупки во 2016-та била едно од најголемите достигнувања во физиката оваа декада, а професорот Сузан Скот од националниот универзитет на Австралија вели дека за да го унапредиме нашето знаење за овие огромни настани ни требаат примероци од доволно големи спојувања за да можеме да ги одредиме моделите по кои тие се одвиваат.

За да се постигне тоа, Скот била дел од тимот кој ги анализирал податоците добиени од LIGO (Advanced Laser Interferometer Gravitational-Wave) за да се пронајдат вакви настани кои претходно не биле забележани – по што биле откриени 4.

Црните дупки ги карактеризираме исклучиво по нивната маса и вртежите, за разлика од ѕвездите кои имаат многу други карактеристики. Овие два критериума, заедно со нивната оддалеченост од Земјата, ни ги даваат единствените бројки со кои можеме да ги мериме спојувањата – а едно такво детектирано на 29 јули 2017 било најекстремното досега.

Покрај тоа што создало црна дупка со најголема комбинирана маса досега детектирана, во овој настан црните дупки се вртеле најбрзо во споредба со сите други откриени спојувања. Ова спојување исто така е најдалечното досега откриено и се случило на 9 милијарди светлосни години од нас.

Се смета дека сите досега забележани настани од овој вид се резултат на спојување помеѓу црни дупки создадени при колапс на многу големи ѕвезди, како оние од тип 2 супернова, а една од можностите за која истражувачите се заинтересирани е идејата дека дел од оние настани кои сега ги забележуваме се втора генерација на спојување на веќе споени црни дупки.

Супермасивните црни дупки во центарот на галаксиите вшмукуваат сè во нивна близина, што вклучува и помали црни дупки. Но, ваков настан сè уште немаме детектирано, а причината е тоа што големите црни дупки даваат пократок сигнал кој потешко може да се детектира со постоечката опрема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...