Сатурн забрзано ги губи прстените

Сите планети во нашиот Сончев Систем имаат одредени препознатливи карактеристики, но ретко која е како Сатурн со неговите прекрасни прстени. Но, како и сè друго во Универзумот, ни тие нема да траат вечно, а сега научниците откриле зошто исчезнуваат неверојатно брзо.

Прстените на Сатурн може да се дезинтегрираат и да паднат на планетата за 100 милиони години, во процес наречен „дожд од прстени“.



Откритието е базирано на опсервации од сондите Voyager 1 и 2 на NASA, кои имале средба со Сатурн во ноември 1980 и август 1981.

Комбинирајќи ги тие опсервации со оние на Cassini со кој е анализиран материјалот кој од прстените паѓа на планетата, астрономите пресметале точно со колкава брзина тие се дезинтегрираат.

Според нив, овој „дожд од прстените“ за половина час испушта количина на водени продукти кои би можеле да исполнат олимписки пливачки базен, што значи дека за околу 100 милиони години нив ќе ги снема. Тоа е релативно краток период во споредба со староста на Сатурн која е над 4 милијарди години.



Првите знаци за овој процес биле забележани од сондите Voyager кои детектирале чудни промени во јоносферата на Сатурн, варијации на густината на самите прстени, и три црни ленти околу планетата.

Во почетокот се сметало дека сите овие работи се неповрзани, но во студија од 1986 било претпоставено дека тие темни ленти биле предизвикани од ледените честички од прстените кои биле повлекувани надолу кон магнетните полиња на планетата. Кога тие доаѓале во контакт со горната атмосфера на Сатурн, испарувале и ја „зачистувале“ маглата, што се покажувало како темни ленти.

Промените на јоносферата се исто така поврзани со овој дожд. Наелектризираните честички имаат хемиска интеракција со јоносферата на Сатурн, што резултира со долговечни триводородни катјони кои светат со инфрацрвена светлина која може да се забележи од Земјата.

Според доказите добиени од Cassini,  се открило дека прстените биле создадени уште додека Сончевиот Систем се формирал, а не како што порано се сметало дека тие биле стари околу 100 милиони години и креирани од судар помеѓу месечина на Сатурн и комета или помеѓу две месечини, што резултирало со остатоци кои потоа биле заробени од гравитацијата на планетата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...