Детална слика од NASA го покажува раѓањето на нови ѕвезди

NASA и ESA (Европската вселенска агенција) објавија нова слика направена со телескопот Хабл на галаксијата Триангулум, еден од нашите најблиски галактички соседи.



Целата слика има 665 милиони пиксели и е компонирана од 54 различни фотографии на кои се прикажани помеѓу 10 и 15 милиони од 40 милијарди ѕвезди кои ги има оваа галаксија.

Големи региони од галаксијата се полни со гас и облаци од вселенска прашина кои содржат материјали од кои се раѓаат нови ѕвезди. Претходни истражувања од тимот на Хабл откриле дека нови ѕвезди со големина на нашето Сонце се формираат во овие облаци еднаш на секои две години.



Ѕвездите живеат долго време, често и милијарди години. Многу од нив, кои можеме да ги набљудуваме се прилично стари – така да оваа прилика да се набљудуваат „ѕвездени новороденчиња“ е исклучително корисна за астрономите и астрофизичарите.

Како што научниците ги анализираат собраните податоци, така ќе имаме прилика да научиме многу повеќе во врска со настанувањето на ѕвездите како нашето Сонце.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...