Откриена нова голема црна дупка како се движи низ нашата галаксија

Необично движење на гас во галактичкиот центар би можело конечно да доведе до откритие на најтешкиот за пронаоѓање вид на црни дупки – оние со средна тежина.

Црните дупки тешко се пронаоѓаат освен доколку активно не се хранат со ѕвезди (или меѓусебно се судираат), бидејќи не емитираат било каква електромагнетна радијација.



Причината за тоа е што електромагнетната радијација не може да „побегне“ од хоризонтот на настани (event horizon), што ги прави црните дупки невидливи за нашите методи на детекција освен кога не прават нешто забележливо.

Знаеме и за постоењето на црни дупки со ѕвездена маса кои се формираат при колапс на масивните ѕвезди и кои имаат 100 пати поголема маса од онаа на Сонцето, како и за супермасивни црни дупки чија маса е најмалку 100 000 пати поголема од сончевата.

Помеѓу овие два екстрема има голем прашалник – иако постојат добри индиректни докази дека постојат црни дупки со соларни маси помеѓу 100 и 100 000, нивното постоење сè уште не е потврдено.

Во нова студија која сè уште не е рецензирана, астрономите од националната астрономска опсерваторија на Јапонија (NAOJ) опишале докази кои покажуваат на постоење на една од овие „митски“ црни дупки на околу 20 светлосни години далечина од центарот на Млечниот Пат.

Со помош на ALMA радио телескопот, тие откриле молекуларен гас кој орбитира околу навидум невидлив масивен објект.

Слични облаци биле и претходно забележани како резултат на колизија помеѓу облаци супернова, но објектот (наречен HCN–0.009–0.044) ја немал ниту формата ниту моделот на експанзија поврзан со колизии од тој вид.

Базирано на формата и движењето на гасовите, тимот астрономи проценил дека објектот има маса еквивалентна на околу 32 000 сончеви маси, што го прави силен кандидат за „алката која недостасува“ во поглед на црните дупки, кој сета таа маса ја има спакувано во објект со големина слична на онаа на Јупитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...