Харвардски астроном со хипотеза дека астероид е вонземска сонда

Во интервју за израелскиот весник Haaretz, претседателот на одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, Ави Лоеб, ја бранел својата контроверзна хипотеза дека меѓуѕвездениот објект познат како "Оумуамуа" може да биде вонземска сонда, и шпекулирал за местото на човештвото во Космосот.



Откако астрономите за првпат го забележале објектот кој подоцна бил именуван „Оумуамуа“, Лоеб и неговите колеги шпекулирале дека хипотетички уред со погон наречен „соларно јадро“ би можел да ја објасни неговата чудна траекторија. Уште едно необично откритие било дека сјајот на објектот од рефлектираната светлина се менувал десеткратно како што тој се вртел, имплицирајќи дека истиот најверојатно има форма на цигара или палачинка – исклучително невообичаена геометрија кај природните астероиди.

Обидот да се слушнат радио сигнали од мистериозниот објект бил неуспешен, но Лоеб верува во можноста дека се работи за сонда со потекло од некоја интелигентна цивилизација.

Тој вели дека не можеме со сигурност да знаеме дали се работи за активна технологија или можеби вселенски брод кој повеќе не е оперативен и само лебди низ вселената, но доколку Омумуамуа бил креиран како дел од полно слични објекти кои биле лансирани, самиот факт што го имаме откриено значи дека неговите креатори лансирале квадрилиони слични сонди до секоја ѕвезда во Млечниот Пат.



Лоеб сугерирал дека Универзумот може да е полн со вонземски општества и дека научниците од Земјата би требало да се фокусираат на пронаоѓање докази за нивно постоење. Тој вели дека нашиот пристап треба да биде археолошки – на ист начин како што копаме во земјата за да откриеме култури кои повеќе не постојат, треба да „копаме“ и низ Вселената за да откриеме цивилизации кои постоеле надвор од планетата Земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...