Најстариот камен од Земјата пронајден на Месечината

Најстариот камен од Земјата е пронајден на последната локација на која некој воопшто би помислил да го бара: во примероци од камења донесени од Месечината од страна на астронаутите од Аполо 14 во 1971-ма.



Според интернационален тим научници, не се работи за „дел од Месечината кој порано бил дел до Земјата“ (што е една од хипотезите за настанокот на нашиот сателит), туку каменот има терестријално потекло – се работи за 2 грама тешко парче кварц, фелдспат и циркон кое е дел од поголемо парче карпа наречена Big Bertha (Големата Берта). Сите овие се минерали кои се ретки на Месечината, но вообичаени на Земјата.

Хемиската анализа покажала дека каменот се формирал во оксидиран систем како оној на Земјата, при температури како оние на Земјата.



Според научниците, тој бил лансиран од Земјата пред околу 4 милијарди години кога астероид или комета удрил во нашата тогаш млада планета, испраќајќи фрагменти од карпи во Вселената. Бидејќи Месечината тогаш била многу поблиску до Земјата (околу три пати поблиску од сега), дел од тие карпи завршиле таму.

По направена детална анализа на цирконот кој содржел ураниум, се заклучило дека формирањето на каменот било пред 4 до 4.1 милијарди години и дека тоа се случило под површината на Земјата на длабочина од околу 20 километри, каде што се наоѓал пред да биде исфрлен во Вселената.

Откако завршил на Месечината, ударот делумно го истопил и го закопал таму пред околу 3.9 милијарди години, за да излезе на површината 26 милиони години подоцна по ударот на објект во Месечината по кој се создал кратерот Кон – каде што „Големата Берта“ била пронајдена од астронаутите на Аполо 14 пред неколку декади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...