Orbex го претстави најголемиот 3D принтан ракетен мотор во светот

Вселенската компанија Orbex ја претстави нивната нова ракета во која е вграден најголемиот 3D принтан ракетен мотор во светот и која воедно е првата комерцијална ракета која користи био-пропан гориво, редуцирајќи ги јаглеродните емисии за 90% во споредба со традиционалните горива кои се користат за ракетите.

Orbex Prime е ракета во две фази – прво била презентирана втората фаза, додека првата била сè уште во тајност, иако се очекува таа да вклучува летало кое ќе може да се користи повеќекратно. Ракетата од фазата 2 е направена од специјално креирана мешавина од јаглеродни влакна и алуминиумски композити. Испринтана е како едно парче – без зглобови или заварувани делови кои би можеле да ја ослабнат ракетата со влијанието на екстремните температури и промените во притисокот. Ова и овозможува на ракетата да е 30% полесна и околу 20% поефикасна во споредба со сличните „нормално“ изработени малечки ракети.

Малечките ракети се идеални за лансирање на наносателити во земјината орбита. Наносателити, инаку, се сите сателити кои тежат помалку од 10кг, а сè повеќе компании инвестираат во нивното развивање наместо во градење на масивни сателити.



Првото лансирање Orbex Prime се очекува да го има во 2021-ва, при што ќе носи експериментален товар од Surrey Satellite Technology Ltd., ќе се користи за лансирање сателити на височини до 1250км.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...