Научник доброволец ја открил најстарата и најстудена ѕвезда од типот бело џуџе

Доброволец од цивилниот научен проект Backyard Worlds: Planet 9 ја открил најстарата и најстудена ѕвезда од типот бело џуџе, опкружена со вселенска прашина во форма на прстен,  стара милијарди години која патем не се совпаѓа со веќе познатите модели на вакви ѕвезди



Белото џуџе познато како LSPM J0207+3331 или накратко J0207, е лоцирано 145 светлосни години од нас во соѕвездието Јарец (Capricornus). Белите џуџиња се инаку ѕвездени остатоци, последната фаза на еволуцијата на многу малечки ѕвезди. Тие имаат густи ѕвездени јадра направени од дегенеративна материја, не поголеми од Земјата. Ваквите објекти бавно ја испуштаат енергијата и се ладат како што стареат.

J0297 се смета дека е стара околу 3 милијарди години и има температура од 5,800°C. Толку е стара да кој и да е процесот кој што се одвива во неа, а ги „храни“ прстените со нов материјал мора да функционира во временски простор од милијарда години, во споредба со повеќето научни модели во кои прстените околу белите џуџиња постојат до околу 100 милиони години.

Ова откритие е дел од проектот Backyard Worlds: Planet 9, чија цел е да се пронајде хипотетичката 9-та планета во Сончевиот Систем. Цивилниот научник (еден од 150 000 кои се дел од проектот) кој ја открил J0297 е Мелина Тевенот која своето откритие го пријавила на научниот тим, кој потоа ја лоцирал со телескопот Кек.

Овој проект трае повеќе од 2 години, а досега се откриени над 1000 ѕвезди од типот кафено џуџе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...