Сондата InSight на NASA сега може да ја мери дневната температура на планетата и тие извештаи да ги провери секој од Земјата. На пример, изминатата недела просечната температура изнесувала -63°C.
Ова е дел од мисијата на InSight (кратенка од Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport) – да му даде прв „контролен преглед“ на Марс во неговото 4.5 милијарди годишно постоење.
Лоциран на рамнина блиску екваторот на Марс позната како Elysium Planitia, овој робот ја мери температурата, брзината на ветерот и притисокот, а моментално ја искусува марсовската зима.
Студените температури на Марс изнесуваат во просек -95°C во 5 наутро (по марсовско време), а откога Сонцето ќе му ја затопли површината тие се искачуваат до -5°C.
Покрај системи за проценување на временската прогноза, InSight исто така ја снима тектонската активност и ударите од метеорити во реално време, истовремено набљудувајќи ја кората и јадрото на планетата.