Во нашата галаксија пронајдена уште една мистериозна ѕвезда која се затемнува

Астрономите во нашата галаксија откриле нова ѕвезда која екстремно се затемнува, но не знаат која е причината за тоа.
Новата ѕвезда со име EPIC 204376071 и е од видот црвено џуџе, а има само 16% од масата на Сонцето се затемнила за 80% и тоа траело цел ден. Намалувањето на сјајот било ненадејно и брзо, а враќањето во нормала било постепено.



Затемнувањата обично се случуваат кога пред ѕвездата поминува некој објект, но тоа не било случај со оваа ѕвезда бидејќи во тој случај и затемнувањето би се одвивало бавно.

Асиметричната промена во сјајот се смета дека се случила поради една од две причини: или ѕвездата е орбитирана од ѕвездена прашина која ја блокирала светлината, или тоа било предизвикано од диск прашина од планета со прстен која орбитира околу неа.

Ѕвездата е стара само 10 милиони години и можно е сè уште да апсорбира материјал од нејзиното соседство, а во случај околу неа навистина да орбитира планета со прстен , таа би имала околу 3 пати поголема маса од Јупитер, а прстенот би имал големина слична на оној на Сатурн. Дискот прашина, пак, би имал дијаметар 4.2 пати поголем од радиусот на EPIC 204376071.

Мистеријата поврзана со оваа ѕвезда најверојатно ќе потрае бидејќи тимот истражувачи не очекува да ја студира повторно наскоро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...