Детектирана ѕвезда која се движи со брзина од 4 милиони км на час

Многу ѕвезди бавно орбитираат околу галактичките јадра, но не и PSR J0002+6216 која низ Млечниот пат се движи со исклучително голема брзина.

Таа патува низ него со брзина од 1130 километри во секунда. Со таа брзина од Земјата до Месечината би се стигнало за 6 минути. Ова е една од најбрзите ѕвезди досега откриени.



J0002 или “Zoomy” е вид на неутронска ѕвезда наречена пулсар. Неутронска ѕвезда е онаа ѕвезда чие колабирано јадро по настанувањето на супернова има одредена ниска маса, додека пулсарите се исклучително магнетизирани неутронски ѕвезди кои ротираат брзо, притоа емитирајќи зраци електромагнетна радијација.

Zoomy се наоѓа на 6500 светлосни години од нас во соѕвездието Касиопеја и на 53 светлосни години од центарот на остатокот на суперновата CTB1. „Опашот“ т.е трагата на движењето на овој пулсар набљудуван во радио спектар е долг 13 светлосни години и се протега од надворешниот дел на суперновата) – еден вид на „космичка стрелка“ која ни го покажува местото на раѓање на пулсарот.



Истражувачите сметаат дека експлозијата која ја создала CTB1 се случила пред некои 10 000 години, а Zoomy се нашол на работ на меурот на суперновата пред околу 5000 години.

Инаку, најбрзата неутронска ѕвезда детектирана досега е RX J0822-4300, која се движи со 1500 километри во секунда, додека просечната брзина на пулсарите е околу 240 километри во секунда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...