Пронајден нов начин за креирање кислород на други планети

Постојат многу предизвици кои човештвото треба да ги надмине за да се оди подалеку во Вселената, а еден од нив е недостатокот на кислородот.



Сега, истражувачи од Caltech создале нов уред кој еден ден би можел да биде клуч за решението на овој проблем – тие развиле метода за екстрахирање на кислород од јаглерод диоксид, инспирирана од кометите и сметаат дека истата може да се користи во идните интерпланетарни мисии, како и за редуцирање на стакленичките гасови во нашата атмосфера.

На хемиските реакции им е потребна енергија, обично во форма на топлина, а хемиска реакција може да се започне и со кинетичка енергија. Истражувачите знаат дека водените молекули ослободени од кометите можат да се забрзуваат со соларниот ветер и испуштаат кислород кога повторно се враќаат на површината на кометата.

Бидејќи кометите исто така емитираат јаглерод диоксид, тимот истражувачи сакал да провери дали истиот процес се случува и со CO2. Тие креирале експеримент каде забрзувале молекули на CO2 и ги терале да се судираат со површина на златна фолија. Златото е инертен елемент, па така истражувачите биле сигурни дека доколку се формира кислород, тоа ќе биде исклучиво поради хемиската реакција.



Уредот функционирал и истражувачите откриле нов начин за генерирање кислород – нешто што ќе биде витално за иднината на долгите вселенски патувања, како на пример кон Марс.

Тој всушност функционира како мини забрзувач на честички. Молекулот на јаглерод диоксид е јонизиран, со отстранет електрон, па така истиот може да се забрза со електрично поле, а судар би го скршил ослободувајќи кислород. Моментално, уредот не е претерано ефикасен – на 100 забрзани CO2 молекули, се добиваат еден или два молекули кислород. Сепак, тимот се надева дека ќе пронајде начин да ја подобри неговата ефикасност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...