Црните дупки можат да умрат односно „испарат“

Тешко е да се замисли нешто што би можело да „убие“ црна дупка, бидејќи овие ултра-густи ѕвездени вакууми консумираат сè што им е на патот. Но, тој космички апетит теоретски може и да ги убие.



Истражувачи од технолошкиот институт на Израел креирале нов модел кој покажува дека постојана „исхрана“ со честички со негативна енергија би можеле постепено да ја намалува масата на црната дупка која што ги консумира, сè додека таа потполно не „испари“.

Кога честички материја и антиматерија се блиску до црна дупка, нејзината гравитациска сила ги раздвојува и ги спречува да се уништат едни со други.

Материјата која бега е во вид на Хокинова радијација, додека честичките антиматерија црната дупка ги апсорбира, при што според моделот, тие откинуваат дел од неа. Овој процес хипотетички со тек на време може да предизвика уништување на црната дупка.

За да го тестираат моделот наместо честички материја и антиматерија биле користени парови на фонони (квантни звучни бранови) во проток на гас. Фононот на бавната страна можел да патува спротивно од движењето на гасот, додека оној на брзата страна не можел, и бил заробен во „црната дупка“ на суперсоничниот гас.

Стивен Хокинг предвидел дека радијацијата на емитираните честички ќе биде во континуиран спектар на бранови должини и енергии и дека тоа може да се опише како единечна температура зависна исклучиво од масата на црната дупка – што со овој експеримент се потврдило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...