Цијанидот од метеоритите помогнал да започне животот на Земјата

Научниците откриле дека метеоритите богати со јаглерод наречени карбонски хондрити кои ја бомбардирале нашата планета пред на неа да се развие живот, содржат соединенија во кои има цијанид, јаглерод моноксид и железо.

Тоа е доказ дека овие соединенија биле присутни на Земјата пред да се појават првите едноклеточни организми во океаните, што значи дека истите можеби придонеле за мистериозниот процес на создавање на живот.



Веќе со години е познато дека цијанидот може да игра улога во создавање на органски соединенија кои ги има во организмите, а минатата година научници од Харвард демонстрирале дека цијанидот може да создаде едноставни шеќери кои формираат RNA нуклеотиди – градбените блокови на животот.

Но, кое е потеклото на цијанидот на Земјата во нејзините први денови? За да го откријат ова, истражувачите креирале нов метод да го екстрахираат и измерат цијанидот од античките метеорити, кој го употребиле на повеќе нивни примероци.

Било откриено дека соединенијата со цијанид ги има во една класа на метеорити кои се богати со органски соединенија (карбонски хондрити), додека другите видови меѓу кои и метеорит од Марс не содржеле цијанид кој може да се детектира.



Во анализираните примероци биле откриени и две различни соединенија на железо, цијанид и јаглерод моноксид, наречени железни цијано-карбонил комплекси.

Овие соединенија биле слични на хидрогеназите – ензими кои ги има во повеќето модерни бактерии кои го разложуваат водородот, а се смета дека потекнуваат од периодот кога земјината атмосфера била многу побогата со водород во однос на сега.

Возможно е дека железните цијано-карбонил комплекси биле инкорпорирани во протеините пред милијарди години и служеле како извори на цијанид на раната Земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...