Радиоактивна прашина од ѕвезда која експлодирала во супернова пред милиони години „слетала“ на Антарктик, каде била закопана под илјадници килограми снег.
По масивни ископувања, научниците се надеваат дека истражувањето на оваа прашина ќе открие нови тајни во врска со космичкото опкружување околу нашиот Сончев Систем, што ќе ни овозможи подобро разбирање на историјата на нашето галактичко соседство.
Тимот на водечкиот истражувач Доминик Кол од австралискиот национален универзитет во нивната лабораторија го топел снегот за да собере малечки честички од вселенската прашина кои потоа биле анализирани за радиоактивни изотопи, а било откриени многу повеќе такви изотопи отколку кога прашината само би поминала низ космичките зраци кои секојдневно поминуваат низ Земјата.
Според претходни истражувања на истиот тим, било докажано дека супернова оставила депозит од железо во нашиот Сончев Систем во последните 1.5 до 3 милиони години, во кој облак нашиот систем влегол пред 40 000 – 50 000 години а излегол пред околу 3000, иако можеби сè уште се наоѓаме на неговиот раб. За цело тоа време, таа вселенска прашина паѓала на Земјата.