Најмалата џуџеста планета во Сончевиот Систем се крие во астероиден појас

Астероидот Хигеа само што добил „унапредување“ во планета. Со помош на SPHERE инструментот на европската јужана опсерваторија, дел од VLT (Very Large Telescope), астрономите успеале да добијат досега најдетален поглед на Хигеа, објект во астероидниот појас.



Според она што го виделе, тие сметаат дека астероидот заслужува класификација на џуџеста планета, правејќи го најмалата досега идентификувана планета во Сончевиот Систем.

За да се класифицира како џуџеста планета, еден објект мора да исполнува 4 барања: мора да е сферичен, да орбитира околу Сонцето, да не е месечина и да го нема „исчистено“ опкружувањето, што би го правело „нормална“ планета.

Астрономите веќе знаеле дека Хигеа ги исполнува последните 3 барања, а новите податоци од VLT им овозможиле да го потврдат и првото.

Инаку, Хигеа е 4-тото по ред најголемо вселенско тело во главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер, а досега не била посетена од сонди ниту пак била истражувана со модерната генерација големи инструменти за набљудување (поради што и нејзината форма не им била позната на астрономите).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...