Нов сериозен здравствен ризик за астронаутите

Сè уште учиме за потенцијалните ефекти кои долготрајниот престој во Вселената може да ги предизвика на човечкото тело. Сега е идентификувана нова закана која би можела да ги изложи на ризик животите на астронаутите на долгите патувања низ космосот.



Проблемот е во внатрешната вратна вена, голем крвен сад кој се протега од вратот до мозокот. Студија врз 11 астронаути кои поминале време на Интернационалната вселенска станица (ISS) покажала дека 6 од нив развиле стагнантен или обратен крвоток во оваа вена, за период од само 50 дена.

Еден член на екипажот развил тромбоза како резултат на престојот во Вселената.

Според тимот кој стои зад овие нови откритија, овој проблем мора да биде истражен пред да почнеме да испраќаме астронаути на долг пат низ Вселената, каков што би бил оној до Марс.

Тука долу на Земјата, гравитацијата е виновникот за тоа што крвта ни се движи од главата кон остатокот на телото, што е една од причините што се чувствуваме чудно доколку, на пример, стоиме на раце подолго време.

Во микрогравитациското опкружување на ISS, проблемите со крвотокот не се единствените здравствени ризици за кои треба да се загрижиме бидејќи долготрајниот престој во бестежински простор резултира со подуеност на лицето, намален волумен на нозете и на плазмата.

Ќе треба да се направат повеќе истражувања на оваа тема за да се увиди за колку голем проблем навистина се работи и како може да го решиме за идните вселенски патувања.

Веќе ни е познато дека времето поминато во Вселената може да ја намали густината на коските, промени составот на бактериите во стомакот, како и да предизвика притисок на мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...