Една од најсјајните ѕвезди на небото можеби ќе експлодира

Соѕвездието Орион е познато по „појасот“ од 3 ѕвезди, од која најсјајната се затемнува, што предизвикува шпекулации дека би можела да се претвори во супернова.



Betelgeuse, позната и како Alpha Orionis, е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Орион, лоцирано на околу 700 светлосни години од Земјата кое е најсјајно на ѕвезденото небо. Меѓутоа, астрономите забележале дека нејзиниот сјај се затемнува, индицирајќи дека можеби ги потрошила залихите водород.

На ѕвездите од типот црвен џин (како што е Betelgeuse), обично им се потребни околу 10 милиони години да го согорат нивниот водород, па се очекува таа да се претвори во тип 2 супернова во следните 100 000 години, иако не се знае точно кога.

Нејзиниот сјај се намалил за околу половина изминатите неколку недели, од вообичаената магнитуда од +0.5 на многу побледа +1.5. Доколку се случи астрономите да бидат сведоци на ѕвездена смрт, тоа ќе биде првиот пат кога ѕвезда од Млечниот Пат станала супернова во последните 400 години, овозможувајќи им на научниците еден ваков настан од блиску да го студираат. Една таква експлозија би претставувала спектакл и за нас останатите, бидејќи ќе биде видлива со голо око.

Сепак, скрешните промени во сјајноста на оваа ѕвезда не се гаранција дека таа наскоро ќе експлодира, бидејќи тие може да бидат предизвикани и од ерупции на гас или ѕвездена прашина, како и мноштво други процеси кои влијаат на сјајноста и кои се вообичаени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...