Најдетални снимки од Сонцето благодарение на најновиот соларен телескоп

Астрономите ги објавија првите опсервации направени со Inouye Solar Telescope (IST) – нови слики и видео од соларниот диск во досега невидени детали кои откриваат структури малечки околу 30 километри.



Ова е овозможено единствено благодарние на огледалото од 4 метри, кое го прави IST најголемиот соларен телескоп во светот. Сепак, чинот на набљудување на Сонцето не е воопшто лесен – главното огледало фокусира 13 киловати енергија и генерира неверојатна количина топлина, поради што е изграден систем за ладење кој ги штити инструментите и ја прави опсерваторијата достапна за истражувачите. Сето ова е постигнато како резултат на 20 години истражување.

Овој телескоп ќе биде способен да ги мапира магнетните полиња во короната на Сонцето, каде се одвиваат соларните ерупции кои можат да влијаат на животот на Земјата, а со него ќе го подобриме нашето разбирање во врска со вселенските временски прилики, со што научниците ќе можат подобро да ги предвидат соларните бури.



Идните опсервации со IST ќе откријат повеќе детали во врска со промените на надворешните слоеви на Сонцето и со магнетните процеси кои се случуваат длабоко во нив.

IST ќе собере повеќе информации за Сонцето во првите 5 години од неговото постоење, отколку сите соларни податоци собрани досега, откако Галилео за прв пат насочил телескоп кон Сонцето во 1612-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...