Масивна егзопланета со услови за живот

Тим астрономи од универзитетот Кембриџ процениле дека ексопланетата K2-18b е способна да задржува течна вода во прифатливи услови за живот.



Масивната планета се наоѓа на само 124 светлосни години од нас и има 2.6 пати поголем радиус од оној на Земјата, а орбитира во „населивата зона“ (регионот во еден ѕвезден систем каде може да постои течна вода) на нејзината ѕвезда. Таа за прв пат била забележана со телескопот Кеплер во 2015-та.

Минатата година, 2 различни тима астрономи заклучиле дека во нејзината атмосфера богата со водород има значителна количина водена пареа, но сè уште не знаат дали условите под целиот тој водород се поволни за живот – во случај количината на водород да е преголема, температурниот притисок под него би бил преголем за да може да се развие живот.

За да дознае дали течна вода може да постои под атмосферата, тимот научници моделирал различни услови користејќи податоци за планетата, за да види како дебелиот слој водороден гас би се однесувал во услови кога под него би било возможно развивање на живот.

Било откриено дека доколку слојот водород има маса колку еден милионити дел од планетата (слично на земјината атмосфера), па до 6% од масата на планетата, на нејзината површина би можел да се развие живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...