Невообичаено сјајна комета наскоро ќе ни го осветли небото

Во средновековните времиња, се сметало дека кометите претскажувале болести, војни, смрт на кралеви и сл., но денес знаеме дека се работи само за остатоци од материјал од кој бил формиран Сончевиот Систем и не се поврзани со никакви настани на Земјата.

Сончевиот Систем е посетен од бројни комети секоја година, од кои повеќето се толку бледи што можат да се видат само со телескоп. Кога кометата C/2019 Y4 ATLAS била откриена во декември, астрономите сметале дека се работи токму за таква едвај видлива комета – нејзиниот сјај се очекувало да биде со магнитуда 9 , околу 40 пати преслаб за да е видлив со голо око.

Сега, таа станува посјајна секоја ноќ (магнитудата 9 ја надминала 2 месеци пред очекуваното), и може а се случи да биде најсјајната комета која се појавила на небото во изминативе 13 години.

Наместо да го зголемува сјајот релативно редовно секоја 1 до 2 недели, ATLAS одеднаш го зголемила за неколку дена и тоа за околу 100 пати повеќе. Доколу овој тренд продолжи, таа би можела да биде видлива за голо око рано во април, а во почетокот на мај да претставува спектакуларна глетка на небото.

За жал, доцна во мај кога ќе ја има најголемата сјајност ќе биде толку блиску до Сонцето што ќе биде видлива многу кратко време пред да ја снема.

Таа има дијаметар колку две третини од Месечината, а се верува дека нејзината орбита околу Сонцето изнесува 5467 години, и е скоро идентична на онаа на Големата Комета од 1844-та со која најверојатно порано биле дел од поголем објект кој се расцепкал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...