Нивото на радијација на Месечината е алармантно високо

Новите истражувања посочуваат дека астронаутите кои ќе патуваат на Месечината како дел од мисијата Артемис на американската вселенска агенција НАСА во 2024 година, ќе бидат изложени на зрачење 200 пати повисоко од она на Земјата.



Се наведува дека атронаутите ќе бидат изложени на просечнo дневно зрачење од 1.369 микросиверти. Тоа е 2,6 пати повеќе од дневната изложеност на Меѓународната вселенска станица, но сепак може да се смета за безбедна количина на кус временски период.

– Зрачењето што го измеривме на Месечината е 200 пати поголемо од она на површината на Земјата, или пет до десет пати поголемо од летот меѓу Њујорк и Франкфурт. Астронаутите би биле изложени на ова зрачење подолго од патниците и пилотите на прекуатлантските летови, а тоа е значителна изложеност, смета физичарот Роберт Вимер-Швајнгрубер од Универзитетот во Кил, Германија.

Научите истражувања говорат дека изложеноста на зрачење може да има долгорочни здравствени влијанија, како што се појава на катаракта, рак, дегенеративни болести на централниот нервен систем и други органи. Научниците предупредуваат дека изложеноста на поголема количина сончеви честички без соодветна заштита, исто така, е опаснa.

При мисијата Артемис, астронаутите ќе останат на Месечината две недели и ќе направат две „стапнувања на Месечината“, односно предвидени се две излегувања од капсулата. Дали овие податоци ќе влијаат на плановите, сè уште не е познато. Астронаутите и натаму тренираат и се подготвуваат за историската мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...