Јапонија ќе го истражува потеклото на Сончевиот Систем

Јапонски астрономи ќе истражуваат примероци на почва земена од далечен астероид за да се обидат да го откријат изворот на топлина што го променил тоа небесно тело.



Научниците од Јапонската вселенска агенција се обидуваат да откријат како водата испарува на астероидот, со надеж дека ќе има траги што би укажале на потеклото на Сончевиот Систем и животот на Земјата. Тие веќе тестирале 5,4 грама почва, далеку повеќе од минималниот примерок од 0,1 грам на кој се надевале.

Во декември вселенското летало „Хајабуса 2“ се врати од Вселената со примерок од почвата од астероидот Рјугу, којшто се наоѓа на повеќе од 300 милиони километри од Земјата. Топлината на астероидот надминува 300 степени Целзиусови, според научниците од јапонскиот Универзитет во Аизуа.

Сондата стапна на вселенското тело во април 2019 година и вторпат – три месеци подоцна.

Можни траги од органска материја

Научниците, исто така, истакнуваат дека температурата под површината на една планета не може да достигне толкава висина само од топлината на Сонцето, што укажува дека астероидот Рјугу, додека бил дел од поголемо матично тело пред милијарди години, бил под влијание на внатрешно топлинско зрачење или планетарни судири. Јапонската вселенска агенција продолжува со првичните тестирања на примероци од астероидот, а следната година се планираат и пообемни испитувања.

Научниците трагаат по можни траги од органска материја, во надеж дека ќе најдат некои одговори за потеклото на Сончевиот Систем и животот на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...