Капетан Кирк оди во Вселената

Вилијам Шетнер, кој го глумеше капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“, ќе полета во Вселената. „Blue Origin“, компанијата на американскиот милијардер Џеф Безос, потврди дека актерот ќе биде меѓу вселенските патници на летот закажан за 12 октомври.



Вилијам Шетнер има 90 години и со ова ќе стане највозрасниот човек во историјата што отишол во Вселената. А, тоа ќе биде втор лет на „Blue Origin“ со луѓе. Џеф Безос, основачот на Амазон, беше меѓу патниците на првиот лет во јули. Со него, во авионот беше неговиот брат, натаму – 18-годишен ученик и 82-годишна пионерка во вселенската трка.

Како и во јули, и овој лет би требало да трае околу 10 минути. Компанијата објави и дека Одри Пауерс, потпретседател за операции на летови, ќе биде меѓу патниците.

Пред десет години, медиумите пишуваа дека Шатнер ја отфрлил понудата на британскиот милијардер Ричард Бренсон да биде дел од екипажот на неговата „Virgin Galaxy“. Тоа, наводно, бидејќи Бренсон му побарал пари за да биде на списокот патници.

Шетнер, сепак, нема да биде првиот член на екипата на „Ѕвездени патеки“ што ќе лета во Вселената. Во 2008 година, пепелта на Џејмс Духан, кој ја играше улогата на Монтгомери Скот, е однесена во Меѓународната вселенска станица. Актерот почина во 2005 година.

Компанијата на Безос, „Blue Origin“ беше во центар на вниманието на јавноста последниве денови, бидејќи повеќе од 20 сегашни и поранешни вработени тврдат дека директорите ги занемариле безбедносните прашања со цел да добијат предност во вселенската туристичка трка. Се појавија и обвинувања за сексизам. Компанијата ги отфрли овие наводи и посочи дека стои зад сите проекти и својот начин на работа, како и дека ги почитува сите безбедносни процедури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...