Илон Маск: Луѓето ќе отидат на Марс до крајот на деценијава

Американскиот визионер, милијардер и основач и извршен директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск верува дека луѓето ќе стигнат на површината на Марс до крајот на ова десетлетие. Тој за тоа говореше во интервју за CNBS викендов.



– Мислам дека тоа ќе се случи оваа деценија. А, на Месечината луѓето ќе бидат уште порано. Мислам дека прво треба да направиме голема достава на површината на Марс, а потоа луѓето ќе почнат да размислуваат и повеќе за тоа. Пет – шест години подоцна, луѓето ќе сфатат дека Марс е вистинското „место за посета“, рече Маск.

Патувањето до Марс, вели тој, ќе биде овозможено со ракетата „Starship“ на Спејс-Икс. Меѓупланетарниот брод би бил дизајниран како ракета – вселенско летало за повеќекратна употреба што ќе пренесува екипаж и товар до Месечината и Марс, и за нивно враќање на Земјата. Како што се наведува, „Starship“ е доволно напреден за тоа.

Во мигов се подготвува првиот орбитален пробен лет на „Starship“, а лансирањето ќе биде од „Starbase“ во Тексас. Меѓутоа, за да се случи тоа, Федералната управа за авијација на САД мора да спроведе еколошка проценка на активностите. Таа проценка требаше да се направи до крајот на 2021 година, но неколкупати беше одложувана. Новиот датум е 31 мај, но тоа не значи дека „Starship“ сѐ уште не планираат мисија.

Во 2018 година, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава потврди дека резервирал лет со „Starship“ околу Месечината за 2023 година.

Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА го избра „Starship“ за својата програма „Артемис“ и лет со луѓе до нашиот природен саттелит, а таа мисија е планирана за 2025 година. Целта е да се истражи јужниот пол на Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...