НАСА го сними најстарото ѕвездено јато во маглината Тарантула

Телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА успеа подробно да го сними најстарото ѕвездено јато во подрачјето на маглината Тарантула, дел од галаксијата Голем Магеланов oблак, којашто е оддалечена 160.000 светлосни години од Земјата, откривајќи нови карактеристики што ги продлабочуваат претходните научни сознанија за ѕвездите во зародиш.



Ѕвездите во маглината, официјално наречена 30 Дорадус, долго време се подрачје на интерес за астрономите околу настанокот и формирањето ѕвезди. Благодарение на инфрацрвените инструменти на „Веб“ со висока резолуција, првпат се видливи илјадници млади ѕвезди, далечни галаксии и подробната структура на гасот и прашината во маглината.

„Џејмс Веб“ е револуционерен вселенски телескоп вреден девет милијарди долари. Стопати е почувствителен од телескопот „Хабл“ и се користи за набљудување на пространството во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе во облаците од гас и прашина во областите каде што се раѓаат ѕвездите.

Сликите откриваат постудени подрачја, како и досега невидени светлосни точки во ѕвезденото јато коишто укажуваат на ѕвезди во зародиш, или „протоѕвезди“, кои сѐ уште добиваат маса.

Интересот на астрономите за маглината Тарантула произлегува од нејзиниот хемиски состав сличен на оној на огромните пространства каде што ѕвездите се обликувале неколку милијарди години по Големата експлозија.

Астрономите се уверени дека „Џејмс Веб“ најавува нова ера вселенски откритија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...