Екстремниот спортист Феликс Баумгартнер успешно го изведе скокот од работ на Вселената, на висина од точно 39.068 метри.
На Феликс му требаа неколку минути за психички да се подготви додека стоеше на вратата од кабината, пред да скокне во слободен пад кон Земјата.
Австриецот по само 32 секунди го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина што ја достигна при слободниот пад беше 1,173 километри на час. По точно четири минути и 19 секунди го отвори првиот падобран, а откако успешно ги отвори сите четири, слета во Њу Мексико во 20:16 часот.
- Доаѓам дома, изјави Баумгартнер пред скокот.
Неговата мајка Ава заплака од радост откако целиот скок помина успешно.
Баумгартнер кој за овој скок се подготвуваше пет години, со денешниот скок стана првиот човек кој со слободен пад го проби звучниот ѕид. Феликс исто така го сруши рекордот за највисок лет со балон кој што го управувал човек, но не и рекордот во најдолг слободен пад.