Иван Трифонов: Феликс ме измами, јас сум татко на “скокот од работ на вселената“

Феликс Баумгартнер докажа дека мојот проект е остварлив. Јас се сметам за татко на тој проект и среќен сум што успеа, рекол Иван Андре Трифонов, Бугарин со австриски пасош и повремен престој во Лижњан, пишува ријечкиот весник “Нови лист“.

Потфатот на Феликс тој го следел во Виена и веднаш му испратил порака и му честитал.

“Проектот го смислив уште во 1992 година, а го опишав во книга во 1994 година која сега повторно е испечатена“, раскажува Трифонов, покажувајќи ги страниците на кои го разработил тој проект кој го нарекол “Уранос“.

“Џо Китингер, менторот на Феликс, го запознав во 1992 година во Јордан на светска смотра во чест на роденденот на јорданскиот крал“, раскажува тој за “Нови лист“.

“Го прашав дали може да ми биде советник и тој се согласи. Се договоривме дека ќе работиме на реализација на овој проект, но не успеавме да собереме пари, односно не најдовме спонзори. Тогаш по пресметките нам ни беа потребни шест и пол милиони долари. Феликс го чинеше 50 милиони долари. Три пати се откажувавме од проектот, во 1994, 1999 и во 2003 година. Мојата сопруга ме молеше да најдам спонзор. Се плашеше, ми рече дека сум стар и проектот да му го понудам на помладиот Феликс. Тоа и го направив во јануари 2005 година и кога му го дадов проектот му реков дека имам еден услов, а тоа е и јас да бидам дел од тоа. Феликс ми рече дека тоа не е проблем“, додава Трифонов.

Феликс не му се јавил до декември, па Трифонов го побарал за да праша до каде е проектот, а тој му одговорил дека работи со Американци и дека повеќе не му е потребна негова помош. Трифонов раскажувајќи го тоа ги покажал страниците од книгата на кои го опишал проектот во поглавјето кое носи наслов “Роден во соништата“.

Но, тој планирал со балон со дијаметар од 300 метри да се крене на висина од 50 километри. Неговата капсула од која планирал да скокне била округла. Вели дека му дошла идеја во моментот кога на еден балон видел обесена ракета па ги прашал експертите дали може да се направи нешто слично на тоа и тој да влезе во истата. Тие му одговориле дека такво нешто е можно, но дека било потребно ракетата да се преуреди.

Тој рекол дека Русите му набавиле скафандер и тоа специјален бидејќи знаеле кои се ризиците со кои тој можел да се соочи. Скафандерот бил ист како оној на Феликс: имал заштита од пробивање на звучниот ѕид, опасност од пукање на лицето или мозокот, како и ротации на телото.

“Феликс исто така ротираше, но маневрираше со едната па со другата рака со што успеа да се исбалансира“, објаснува Трифонов.

“Мојот сон го оствари Феликс. Тој нашол пари. Но, јас не запирам тука, имам уште еден проект во главата кој никој не го остварил. Со цепелин би сакал да го прошетам целиот свет за 80 дена. Исто како што Жил Верн го опиша во книгата “пат околу светот за 80 дена“. Но, за тоа е потребен специјален цепелин, а јас точно знам каков треба да биде“, рекол 67-годишниот Трифонов, инаку инженер по хемија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...