Земјата подига штит за да не заштити од соларните бури

Земјата е во состојба да подигне штит со цел да не заштити од соларните бури. Прв пат, сателитите и детекторите од Земјата го набљудувале движењето на „жилите“ кои се движат накај планетата со цел да не заштити од соларните материи и успеале да докажат дека навистина постои штит. Ова откритие е потврдено со теоријата за магнетското опкружување на Земјата, кое ни овозможува заштита на планетата.

- Откритието ни го промени мислењето за функционирањето на системот. Земјата не стои само таму негде и чека да прими удари од соларните ветрови, туку може и да возврати, изјави Џои Боровски од институтот за вселенска наука во Колорадо, кој не бил вклучен во ова истражување.



Земјата постојано е опкружена со магнетен балон, кој се нарекува магнетосфера, а кој не штити од соларен ветер (млаз од високо-енергетски честички кои непрестајно доаѓаат од Сонцето). Но, понекогаш магнетните линии на Сонцето може директно да се спојат со линиите на Земјата во процес кој се нарекува магнетска реконекција, при што создаваат пукнатини во магнетосферата. Честичките може да патуваат по овие линии во внатрешноста на атмосферата на Земјата, што се појавува како аурора или геомагнетни бури, при што може целосно да го уништат навигацискиот систем и енергетските водоводи.

Гасот во горниот дел од атмосферата е јонизиран од страна на ултравиолетовата светлост на Сонцето, а плазмата која се јавува како резултат останува заробена од магнетскиот штит во облик на крофна околу планетата. Теоријата сугерира дека многу јако електрично поле од Сонцето ја издига плазмата од плазмосферата за време на реконекцијата и предизвикува спој. Спојот ја достигнува точката помеѓу магнетното поле на Земјата и Сонцето и создава една бафер зона од густ материјал. Ова им оневозможува на магнетните полиња да се спојат и да предизвикаат нови реконекции.

За да се докаже оваа појава, научниците на НАСА испратиле три вселенски летала низ магнетната граница. Тие забележале зголемување на бројот на електрони на границата.

- По прв пат успеавме да го набљудуваме целиот циклус на плазма која се протега од атмосферата до местата каде што се спојуваат магнетните полиња на Земјата и Сонцето. Стигнувајќи до границата, успеавме да докажеме дека нашата Земја формира штит, изјави Брајан Валш од НАСА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...